Пет причини зошто треба редовно да конзумирате таан

23 Мар , 2018 Живот и Стил

Пет причини зошто треба редовно да конзумирате таан

Таанот или мелемот од сусам се прави од мелени препечени семки од сусам и вообичаено се користи во грчката и турската кујна, како и во одредени земји во Африка и Азија. 

Таанот изобилува со мононезаситени и полинезаситени масни киселини за кои е докажано дека поволно влијаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Пастата од сусам можете да ја подготвите сами, така што ќе сомелете семки од сусам и во нив ќе додадете масло по избор и малку сол.

Како основна мерка можете да земете 150 грама мелени семки од сусам и две супени лажици ласло.

1.Семките од сусам содржат сезамол, лигнин и сезамин кои помагаат во одржувањето на телесната тежина.

2.За овие состојки некои истражувања покажаа дека го намалуваат и ЛДЛ холестеролот.

3.Исто така го намалуваат и ризикот од појава на хормон-зависни тумори.

4.Големата количина на магнезиум и калциум која ја содржи сусамот помага во намалувањето на крвниот притисок.

5.Се препорачува секојдневно да се јаде по две до три лажици тахини.

, ,


Comments are closed.