Пејачката во бизарно видео: Разголена лежи во мртовечки сандак и нуди дрога! (ВИДЕО)

20 Дек , 2017 Радио Милева

Пејачката во бизарно видео: Разголена лежи во мртовечки сандак и нуди дрога! (ВИДЕО)

Таа е една од оние кои се борат да станат најпопуларни пејачки во регионот. Постојано се труди да ја изненади публиката со различни песни и поинакви видеоспотови, но се чини дека овој пат Маја Беровиќ се надминала себе си.

Со екранизацијата на новата песна „Легална“, која ја сними со колегата Стефан Димитриевиќ – Леон, Маја успеа да ја шокира јавноста. Првично, лежи во мртовечки сандак, а потоа му нуди на својот колега дрога во форма на таблета.

Видеото, всушност, само ја следи приказната на текстот кој доминира во оваа нумераа, но многумина што ја слушнале песната тврдат дека таа ќе стане голем хит. Пред неколку месеци, Маја го издаде албумот „ Тајната на Викторија“ кој доживеа голем успех во Србија.

Погледнете го шокантното видео за „Легална“:

, , ,


Comments are closed.