Вистаграм

Oмилено катче за релаксација: Пет совети за украсување тераси и балкони

Oмилено катче за релаксација: Пет совети за украсување тераси и балкони

Без оглед на големината, секој приватен надворешен простор може да се претвори во совршена оаза за одмор и релаксација со помош на различни детали. Конечно ни пристигнаа потоплите денови, а тоа значи и дека е време да се стартува со сезоната и дружбите на отворено

Без разлика дали имате мал балкон или голема тераса, ваквиот приватен надворешен простор е идеален за пиење на првото утринско кафе, како и за дружење со пријателите. Маса и столчиња или лежалка секако се задолжителни, но има многу други детали кои може да се искористат за да се комплетира просторот и истиот се претвори во омилено катче, каде со задоволство ќе го минувате времето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by žena.hr (@zenahr)

Не треба да бидете експерт за екстериер, за да го декорирате вашиот надворешен простор. Размислете за вашите желби и идеи, а потоа „засукајте“ ги ракавите и преземете акција. Без разлика дали имате мал градски балкон или двор со тераса, во продолжение може да погледнете неколку одлични совети кои ќе ви помогнат да го претворите вашиот надворешен простор во совршено катче за релаксација.

Добро искористете го просторот

Секој надворешен простор може да се претвори во прекрасно место за одмор. Треба само да бидете креативни и да знаете како да го искористите максимумот од просторот. Ако имате мал балкон, тоа не значи дека треба да го жртвувате вашиот стил или удобност. Клучот е да ги изберете оние парчиња мебел кои добро ќе се вклопат во просторот и истовремено ќе одговараат на вашите желби.

Додадете зелена боја

Откако ќе го изберете мебелот, време е да додадете зеленило. Доколку балконот е изложен на сонце, имајте го тоа во предвид и изберете ги оние растенија на кои не им пречат високите температури. Може да се одлучите и за вештачки растенија, а на масичката секогаш да чувате свежо цвеќе во вазна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Therese Knutsen (@bythereseknutsenno)

За поптопла атмосвера украсете го просторот со сијалички

За да создадете топла и пријатна атмосфера на балконот или терасата, лампите и фенерите се совршен избор. Доколку сакате навечер да поминувате време во вашата мала оаза, сијаличките сигурно ќе придонесат за создавање романтична и пријатна атмосфера.

Избор на тепих

Ако преферирате удобност дури и кога сте надвор, тепихот е одличен избор за балкон или тераса. Добар избор се оние од јута и слични материјали.

Не заборавајте на деталите

Откако ќе го средите вашиот надворешен простор со клучните работи, време е за најкреативниот дел – деталите.

Просторот треба да биде одраз на вашата личност и стил, а најдобар избор за создавање пријатна и комфорна атмосфера се перничињата, меките ќебиња и украсите како што се впечатливите вазни.

Извор: Кармин

Останати вести од Вистаграм