Од работна опрема до култно парче: Како црната ролка се вивна во модните височини?

22 Мар , 2018 Живот и Стил

Од работна опрема до култно парче:  Како црната ролка се вивна во модните височини?

Црната ролка ја носеле кралици, работници, спортисти, војници, но дури во педесеттите години на минатиот век се позиционираа како модно парче, кое трае до ден-денес. Црната ролка го издолжува горниот дел и аристократски го нагласува вратот, го истакнува лицето, а воедно и прикажува моќна модна порака, бидејќи со текот на времето баш ова модно парче станало симбол на интелектуалци, филозофи и уметници.

Црната ролка што датира од 16-тиот век беше дури и носена од кралицата Елизабета под фустан со висока јака. И оттогаш, помина долг пат – од кралска облека, преку спортски дрес, воена униформа, работна облека,  за да се позиционира како модно парче дури во педесеттите години.

Одри Хепберн, која  се сликаше во црна ролка, панталони и балетанки, ја крена ролката во модните висини. Целата комбинација до денес остана симбол на добар стил.

Подоцна нив ги носеа  и Грета Гарбо, Мерилин Монро, Жан Пол Сартр, Енди Ворхол, интелектуалци, филозофи и сите кои сакаа да ги бидат доживеани како такви.

, ,


Comments are closed.