Живот и Стил

Новиот Sony PlayStation 5 од средината на јуни во продажба

Новиот Sony PlayStation 5 од средината на јуни во продажба

Новата конзола за игри PlayStation 5 веќе е успешно креирана и наскоро ќе се најде во официјална продажба, објави новинарот Маркус Селарс, еден од најупатените новинари во развојот на видеоигрите.

Според него, јапонската компанија веќе го завршила развојот на новите игри за уредот и сега почнува со дистрибуција на прототипови, т.н. dev-kits за најголемата играчка конзола. Тоа практично значи дека се создаваат и конкретни игри за новиот PlayStation 5.

За техничката опременост на новиот set-top box засега нема конкретни информации, но знаеме дека Sony го градеше PlayStation 5 делеку од очите на крајните корисници. Се претпоставува дека корпорацијата Sony планира да ја претстави и објави новата конзола за игри на Е3 (Electronic Entertainment Expo 2018) кој ќе почне на 12 јуни.

Податоци за перформанси, цена, компатабилност со стари игри засега нема.