Научниците поитврдија: Еве дали може да ви застане срцето во текот на сексуалниот однос

21 Дек , 2017 Љубов и Секс

Научниците поитврдија: Еве дали може да ви застане срцето во текот на сексуалниот однос

Истражувачите од Институтот за срцеви заболувања ги разгледаа податоците за 4.557 случаи на срцев удар и откриле дека само 34 се случиле во еден час по сексуалниот однос. Од нив, 32 случаи биле мажи.

 

 Резултатите се презентирани на состанокот на Американското здружение за срце, објави Би-Би-Си. Главниот автор вели дека ова е првото истражување за влијанието на сексуалната активност врз срцев застој.

Срцева слабост е ненадејно губење на срцевиот капацитет за “пумпање” крв, а лицето кое е погодено ја губи свеста и престанува да дише. Срцевата слабост е фатална ако некое лице не се реанимира брзо. Статистичките податоци покажуваат дека срцевата слабост е смртоносна во 90 проценти од случаите надвор од болницата, бидејќи секоја минута без реанимација за 10 отсто ја намалува можноста за преживување.

 

Се разликува од срцев удар, што предизвикува блокирање на протокот на крв во срцето и може да биде уште поблага. Познато е дека сексот може да придонесе за срцев удар, но врската со ненадеен кардијак арест до сега не била испитана. Според истражувањето на д-р Чуг и неговите колеги, сексот во помалку од еден процент од случаите бил поврзан со ненадејна срцева слабост. Оние кои тоа го правеле најчесто биле средовечни, афроамерикански мажи со анамнеза на срцеви заболувања.

Студијата, исто така, покажа дека само една третина од случаите се обиделе да го реанимитираат пациентот, иако нивните партнери биле свесни за настанот.

 

“Овие податоци покажуваат колку е важно да продолжат со напорите за едукација на јавноста за тоа колку е важно за набљудувачите, пронаоѓачите, да почнат да оживуваат, без оглед на околностите во кои се наоѓаат”, рече Чуг.

извор:скопје24.мк


Comments are closed.