Наташа Малинкова – депресивна, разочарана, сама и напуштена… на работ од очајот! (ФОТО)

20 Мар , 2018 Радио Милева

Наташа Малинкова – депресивна, разочарана, сама и напуштена… на работ од очајот! (ФОТО)

Сама, напуштена, со скршено срце, разочарана во љубовта… на работ на очајот! Во постојана борба со своите мисли и емоции, во непрекината дилема дали да го послуша разумот или срцето, со испреплетени чувства поткрепени со сликите од минатото кои и пролетуваат низ главата, до чувството на беспомошност, апатија и тотална депресија поттикната од болката која и ја пара душата… Наташа Малинкова седната на прагот од прозорецот со грч на лицето и отсутен поглед, загледана некаде во далечината, на работ од катастрофа!

Вака некако веројатно може да се опише емотивната состојба која поп пејачката се обидува да ја одглуми во видеоспотот, следејќи ги стиховите на својата најнова песна, насловена „Ако грев е што те сакам“, чија промоција треба да се случи наскоро.

Малинкова чиј заштитен знак се брзите песни,  неколку  години по ред е прогласувана за женски вокал чии песни ја добиваат наградата за радиски хитови на годината на Македонскиот радиски фестивал МАРС.

Сепак, оваа песна таа во најавата ја опишува како ар-ен-би поп балада во чие видео изработено од битолската „Веста продукција“, очигледно емоцијата ќе ја замени дозата на еротичност која ја имаа нејзините претходни спотови и фотосесии.

 

, ,


Comments are closed.