Нашата естрада доби уште една русокоса: Фолкерката си ја смени бојата на косата! (ФОТО)

17 Мај , 2018 Радио Милева

Нашата естрада доби уште една русокоса: Фолкерката си ја смени бојата на косата! (ФОТО)

Македонската естрада доби уште една русокоса. Фолкерката Тања Јовановска Трајкова која „цел живот“ ја паметиме како дама со изразито црна боја на косата реши да се префарба, па преку ноќ стана русокоса.

Она дека русокосите се позабавни, можеби важи, а можеби и не… Ама затоа за црнките важи дека се божем поумните… Или како што велат: Од русокоса префарбана во црнка – вештачка интилигенција! Ама од црнка во русокоса – со сила се прави… знаете веќе што! Така барем, се шегува народот.

Ама шегата на страна, што ли и стана, кој ли ја натера згодната кумановка на ваков чекор?

Дали можеби инспирацијата дојде по настапите во еден познат скопски ноќен локал, на чии ѕидови стојат разни фотографии и апликации?!

Или фолкерката си здосади на себе си, на сопругот, можеби тоа го направи по наговор на некоја од колешките или обожавателите? Што и да е, тоа само Тања си го знае! Ама како и да е, од пред ден-два пејачката е русокоса! Како и стои – ќе каже публиката!

Веруваме дека за друг тип на естетски корекции нема простор! Барем од она што се гледа од приложеното – не би требало!

Зашто згодната кумановка ионака ја има… Повеќе од доволно!

,


Comments are closed.