На Стефан од „Некст Тајм“ му е златен: На познатиот Македонец „најверен другар“ му е Јапонец! (ФОТО+ВИДЕО)

12 Мар , 2018 Радио Милева

На Стефан од „Некст Тајм“ му е златен:  На познатиот Македонец „најверен другар“ му е Јапонец! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонското братско дуо „Некст Тајм“ по феноменалната стилизацији на македонскиот фолклор музички и визуелно огледана во преработките на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“  подготвуваат материјал за ново изненадување, а можеби и цел албум со избор на песни од изворната македонска фолклорна  ризница.

Во меѓувреме, обајцата, секој на свој начин уживаат во животот и парчето слава што им го донесоа последните успеси. Повеќе или помалку е познато дека пејачот на братското дуео Стефан Филиповски покрај музиката има уште една страсна пасија – мотоциклите. И тоа не било кои и не било какви. Оне старите – олдтајмерите, ако така може да се каже.

Другите можат да мислат што сакаат, да зборуваат колку сакаат, да го пишманат и колебаат, ама Стефан од него ниту се двои ниту се откажува. Со еден збор, нему му е – златен… Се разбира, неговиот омилен мотоцикл!

Откако го набави својот мото љубимец на две тркала од 1979 година, на познатиот Македонец „најверен другар“ му стана омилениот Јапонец – неговата Хонда ЦБ 650.

Откако прв пат и се качи, не и се симнува, зашто во прашање е љубов на прв поглед и две тркала…

Љубов на една старомодна душа и безвременска машина… Барем за него, како што пејачот ја доживува.

Затоа, секогаш кога времето и временските услови му дозволуваат тој оди во нова одисеја со неа, со својата Хонда во потрага по возбуда и слобода… Со или без својата Пенелопа!

Freedom

A post shared by Stefan Filipovski Official (@stefan_filipovski) on

, , , ,


Comments are closed.