„На човек лиги да му потечат“: Сара Мејс се покажа како голема мераклика – блазе на сопругот!

8 Мај , 2018 Радио Милева

„На човек лиги да му потечат“: Сара Мејс се покажа како голема мераклика – блазе на сопругот!

Животот во брак е многу поразличен, дури и од оној кога партнерите живеат под ист кров пред официјално да кажат „Да“.

Тоа си носи нови одговорности, а за ТВ водителот Димитар Атанасовски и пејачката Сара Мејс за ваквите нови брачни навики не им требаше многу време да ги стекнат, бидејќи и претходно живееја заедно.

Неодамна тие за јавноста открија дека нивното семејство ќе се прошири со уште еден член и плод на нивната љубов. Сара е бремена, но тоа не ја спречува да ги извршува секојдневните професионални обврски, како и оние домаќинските.

Таа на Инстаграм досега неколкупати покажа дека секојдневно се усовршува во кујната, а сега особено бидејќи за неколку месеци ќе треба да готви како за сопругот, така и за наследникот или наследничката.

Овој пат на својот профил објави фотографија од тоа како ја надгледува тавата во рерна со сочно јадење, од кое нејзините пријатели коментираа дека од приложеното на човек лиги да му потечат.

Таа пак фотографијата ја дополни со коментар дека зборови не се потребни и има голем мерак домаќинка да биде.


Сигурно е дека е на добар пат!

, , ,


Comments are closed.