Мегафон

Мусти Изеировски ја запеа „Зајди зајди“ (ВИДЕО)

Мусти Изеировски ја запеа „Зајди зајди“ (ВИДЕО)

Со чаша вино, во опуштена атмосфера и свирејќи на клавир, Мусти Изеировски ја запеа легендарната „Зајди зајди“. Талентираниот велешанец со адреса на живеење во Швајцарија, кого регионалните медиуми го опишааа како: „достојна замена за најпопуларниот Македонец – Тоше Проески“, што е сепак многу претенциозна споредба, веќе неколку години полека ја гради својата кариера и зад себе има неколку успешни синглови, како што се првенчето „Теби даќу све“, „Кад сама останеш“ и „Среќо моја“.

Како звучи безвременската „Зајди зајди“ во негова изведба можете да слушнете подолу.