Македонскиот електронски проект „Типнотик“ објави ново музичко издание – макси-синглот „Trip Naughty“ (АУДИО)

9 Ное , 2017 Промотер

Македонскиот електронски проект „Типнотик“ објави  ново музичко издание – макси-синглот „Trip Naughty“  (АУДИО)

Македонскиот електронски проект „Типнотик“, зад кој стои продуцентот и диџеј Емил Хаџи-Панзов, деновиве го објави своето ново музичко издание. Макси-синглот „Trip Naughty“ е прво во низата изданија што ќе излезат во текот на следните месеци и ќе бидат своевидна најава за албумот што ќе се појави во втората половина на следната година.

„Trip Naughty“ претставува стилско скршнување на „Трипнотик“ во неочекуван правец и е веројатно неговата најкомерцијална песна досега. Станува збор за необична комбинација, а спојот на електроника со рап го прави еднакво интересен за обожавателите на двата музички жанра. За реализација на ова издание, Хаџи-Панзов беше придружуван од неколку докажани музичари од светската хипхоп и електронска сцена. За вокалите на песната е задолжена њујоршката раперка Рел Рок, која е најмногу позната по светскиот хит „Keep It Movin“.

, , , ,


Comments are closed.