Македонската водителка драстично ослабе, а сега реши и да се набилда! (ФОТО)

29 Мар , 2018 Радио Милева

Македонската водителка драстично ослабе, а сега реши и да се набилда! (ФОТО)

Македонската ТВ водителка Миа Костова по завршувањето на емитувањето на најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“, продолжи да плива во менаџерските води, кои  до душа не и беа непознати и додека ја работеше водителската работа.

И додека се подготвува за голем кам-бек на ТВ екраните, Миа не седи со скрстени раце. Откако најпрвин драстично ослабе, направи и радиикален рез во поглед на својот изглед и имиџ, па така најпрвин кратко ја потстрижа косата, а потоа и ја бојадиса… и секако, одново се вљуби! Но русокосота водителка со манекенска става очигледно тука не запира.

Дали заради љубовниот предизвик, новите ТВ проекти или едноставно заради тоа што летото наскоро доаѓа, Миа реши да нема само слаба туку да има и набилдана става! Затоа како што е редот, тргна на „естетска корекција“ на своето тело. А коркции за тело без маана се прават или кај „пластичар“ или во теретана!

Миа за среќа го избра она второто, па под будното око на проверените професионалци од кои тешко дека така лесно ќе се куртули, тргна да билда мускули!   За почеток, вежба што веројатно и не и е непозната: „клекни-стани“!   Само со шипка в раце и тегчиња од по 10 кила… Сквотови со мала тежина, за водителката да не изгуби на свежина!

А за стомачните да и бидат како табла чоколадо – во плочки со засеци, дојдете да ја видите по два месеци. Така барем вели. Миа ќе ви се јави, откако ќе се справи со сите спортски справи, како што вети и самата… од теретаната!

, , ,


Comments are closed.