Маја Шупут со момчето на летување: Пејачката знае што е тоа добра поза (ФОТО)

12 Јул , 2018 Радио Милева

Маја Шупут со момчето на летување: Пејачката знае што е тоа добра поза (ФОТО)

Хрватската пејачка Маја Шупут со своето момче Ненад Татаринов е на годишен одмор, а двојката го избра островот Хвар како дестинација за уживање.

Маја редовно објавува фотографии, а најголемо внимание привлекува онаа на која таа на себе носи многу привлечен бел едноделен костим за капење.

Потоа пејачката објави уште една провокативна фотографија која нејзините следбеници на социјалните мрежи ја насловија  како: „Добро газе, за добра поза“.

Провокациите никогаш не завршуваат тука, па по овие две секси фотографии, Шупут испрати една заедничка со своето момче, на која тој со задоволна насмевка, преку темните очила за сонце гледа во нејзините гради.

„Љубов, се сликаме … Каде гледаш? – напишала Маја под фотографијата.

, , , ,


Comments are closed.