Мафини со боровинки од три состојки: Без брашно и совршен вкус!

19 Авг , 2020 Живот и Стил

Мафини со боровинки од три состојки: Без брашно и совршен вкус!

Ова е рецепт кој ќе ве остави без здив

Состојки:
4-5 банани
180 г путер од кикирики
150 г боровинки

Подготовка:
Во голем сад здробете ги бананите со виљушка. Колку се позрели бананите толку повкусни и послатки ќе бидат колачињата.
Во здробените банани додајте путер од кикирики. Наместо кикирики можете да користите и путер од бадеми, лешници и слично.
Во смесата додајте боровинки и добро измешајте.
Ставете ја смесата во калап за печење мафини, па печете 18-20 минути на 180 степени Целзиусови.
Оладете ги мафините пред послужување.

извор:попара.мк

, ,


Comments are closed.