„Мачка во вреќа“: Кристина Арнаудова се најде во небрано во „личниот проект среќа“!

26 Мар , 2018 Радио Милева

„Мачка во вреќа“: Кристина Арнаудова се најде во небрано во „личниот проект среќа“!
Македонската поп пејачка Кристина Арнаудова однеодамна се занимава и со хуманитарна дејност. Нејзиниот „Проект среќа“  пред Нова година на многу дечиња од социјално загрозени семејства им донесе среќа и радост во вид на пакетчиња и подароци. Активностите на полето на хуманоста Арнаудова ги продолжи и понатаму организирајќи, собирајќи и донирајќи за оние на кои тоа им е најпотребно, а тоа не можат да си го дозволат!

Арно ама, хуманата пејачка чепкајќи по најекспонираната социјална мрежа Фејсбук, налета на една интересна и забавна апликација која вели: „Какви прекрасни промени те чекаат во 2018“?

На кристина и проработе љубопитноста, па реши да се логира за да види каков пакет и нуди судбината во 2018 во „личниот проект среќа“? Ама среќа како среќа, како по правили или никогаш не доаѓа тогаш кога ти сакаш, или кога ќе дојде – тогаш ти тоа не го сакаш! Така и Арнаудова!  Ја кликна апликацијата за да види какви тоа нови можности и изненадувања ја чекаат во 2018 и го доби одговорот:  „Кристина, 2018 ти носи мало момче“! Или што би рекле бебе!

Арно ама, како таа и нејзиниот сопруг Александар се веќе родители на две мали момчиња: Максим и Матео, пејачката онака, ептен изненадена и шокирана од одговорот се најде во небрано во „личниот проект среќа“!

„Аааааааахахахааааааа не,не, не благодарааааам… во ред е!“ – прокоментира пејачката и ја затвори апликацијата, очигледно фатена неподготвена за „треќа – среќа“!

Ама, ако ништо друго, нешто научи или поточно извлече поука, друг пат да не отвора… „мачка во вреќа“!

, ,


Comments are closed.