Љупка и Спејко – љубовта на „принуден одмор“: Тој најави дека ќе ја покаже новата „ѕверка“?! (ФОТО)

10 Јан , 2018 Радио Милева

Љупка и Спејко – љубовта на „принуден одмор“: Тој најави дека ќе ја покаже новата „ѕверка“?! (ФОТО)

Љубовната романса помеѓу победникот на последниот „Велики брат“ – кумановецот Дарко-Спејко и згодната струмичанка Љупка Митрова има ново продолжение. Секојдневно постираните фотографии и даваат нова нота на приказната, само што овие последниве, како да кријат некаква мистерија, па сите се прашуваат има ли некаква друга заднина во врската на македонските Бред и Анџелина?!

По новогодишните и божиќните празници ТАА сама, ТОЈ сам… на фотографии. И тоа во низа… Во серија! Патем, мускулестиот убавец со најава дека наскоро ќе ја покаже својата нова „ѕверка“!?

И веднаш се наметнува прашањето: Зошто се обајцата СОЛО… во последната фото сеанса од љубовната романса на Љупка и Спејко? Пукна ли љубовта, западна ли во криза или сосема заврши приказната помеѓу македонските Ромео и Јулија?

На прв поглед можеби и делува така, но за среќа и во име на љубовта, таа помеѓу „големиот брат“ и „модната блогерка“  – се ’ уште трае! Само е на „принуден одмор“… или подобро кажано, на привремен!

Имено Љупка Митрова со семејството е на зимуввање во познатиот ски центар Банско во Бугарија, а Спејко за тоа време ги полни батериите по малку рекламирајќи ги модните брендови кои го спонзорираат.

А, она со „новата ѕверка“? Да, „ѕверката“ е во најава… само што не оди на две нозе, туку вози на 4 тркала… и ќе биде од истата марка, како и постојниот модел….Само нова серија! За нови љубовни доживувања на вљубената двојка! Нов џип и старата девојка!

 

 

, , , , ,


Comments are closed.