Коктел за… „Победа“ (ВИДЕО)

10 Јул , 2018 Промотер

Коктел за…  „Победа“ (ВИДЕО)

Македонското поп-рок дуо „Коктел“ кое беше популарно во почетокот на 90-ите години одново е музички активно.

Со персонални промени кои се однесуваат на пеењето, со што наместо Блаже Темелков, сега вокалните делници ги превзема Тони-Шоу, гитаристот и автор на песните Стевче Грозданов по неодамнешната химна за „Вардар“, еве го со нова песна, овој пат со патриотска содржина,  посветена на Македонија, а насловена „Победа“.

Зад музиката, аранжманот, и снимањето стои самиот Грозданов, додека стиховите повторно се дело на проверениот лиричар Огнен Неделковски. Мастерингот  е направен во студиото „До Ре Ми“ на Златко Симионски, а продукцијата ја потпишува „Целофан продукција“ на Зоран Рудан – Цеки.

Придружните вокали во темата ги пејат Емилија Гиевска и Стефан Чепишевски. Видеоспотот одново го потпишува самиот Стевче Грозданов како монтажер и режисер, додека зад камерата како снимател бил Здравко Петрушевски.

Како звучи и изгледа нивниот аудиовизуелен „Коктел“ за „Победа“, проследете во продолжение:

 

 

 

, , , , , , ,


Comments are closed.