Кој е човекот кој платил порција ќебапи 1500 евра?!

29 Јун , 2018 Живот и Стил

Кој е човекот кој платил порција ќебапи 1500 евра?!

Во рамки на проектот „Башка ќебап“ кој се одржал во Берлин, продадена е порција ќебапи за рекордни 1.500 евра. Прелиени со 24-каратен златен прелив кој се јаде, ќебапите биле послужени во сет на познатиот сараевскиот казанџија Мирсад Брканиќ.

Проектот „Башка ќевап“ е организиран по повод основањето на хуманитарната фондација “Едно срце за децата” чија мисија ќе биде да им помогне на децата во развој во БиХ.

Првиот донатор кој ги купил овие ќебапи е Осман Фелиќ, по потекло од Бихаќ, Босна и Херцеговина, а кој живее во Берлин и е голем пријател и чест гостин на ресторанот „Sarajevo Inn Grunewald“.

Најголем дел од средствата од продажбата на ќебапите ќе бидат доделени за хуманитарни цели во БиХ.

, , ,


Comments are closed.