Како да одберете шик капут?

29 Јан , 2018 Живот и Стил

Како да одберете шик капут?

Капутот е есенцијално парче од женската гардероба, а изборот никогаш не бил подобар. Се носат различни модели, со принт или без него, тие на двојно закопчување, со појас на половината, капути од вештачко крзно или пак оние со леопард принт.

Добар капут е главно парче во зима за сите комбинации. Маже да е од твид, мохер, кашмир, вештачки материјали, до колена или долг, се до земјата.

Најважно од се, е да го изберете моделот кој најмногу одговара на вашата градба и на вашиот личен вкус. Една мала забелешка за сите жени, без оглед на трендот, имајте во предвид при купувањето на капут да го одберете оној кој најдобро ќе одговара со постоечката палета на бои кои ги имате во гардероберот, како и тоа, да биде квалитетен кој може да се носи повеќе сезони.

Исто така, кога е во прашање должината на капутот, ниските жени мора да одберат капути кои се пократки или со должина до колена, додека високите жени, можат да ги изберат сите должини.

Погледнете ја нашата галерија и инспирирајте се од најновите модели кои ги предлагаат светските модни куќи.

извор:дивианартс.мк


Comments are closed.