Со сите гласа „ЗА“, беше избран новиот претседател на управниот одбор во Македонија, Џеват Хот.
-Верувам и тврдам дека новиот управен одбор ќе им излезе во пресрет на сите предизвици со кој ќе се соочи, дека доследно ќе работи на професионализмот и на одговорното работење на добротворната организација „Мерхамед“. Дека ќе ги постигне зададените цели што ќе ги постави и се надевам дека ќе им биде пример на сличните организации. Наш приоритет и стратешка цел ќе биде враќање на достоинството на сите што се во искушение на имање и немање, вели Хот.
Тој додава и дека предностите на оваа организација ќе бидат способност, транспарентност и приоритет, иновации и тимска работа.
-Нашата порака ќе биде да спроведуваме хуманитарни акции во најширока можна рамка, собираше донации и нивна испорака до корисниците. Учество во добротворни проекти во и надвор од земјата како и да држиме чекор во хуманитарните настани, како и да реагираме во интни случаи во согласност легитимноста и законот, потенцира Хот.