Инстаграм воведува опција што нема да ви се допадне

14 Фев , 2018 Живот и Стил

Инстаграм воведува опција што нема да ви се допадне
Подолго време се зборуваше за опција која на корисниците ќе им овозможува да следат кој им прави скриншотови на нивните постови, а сега таа веќе е во функција.

Сопствениците чии фотографии некој ги зачувал нема да добиваат известувања по автоматизам, туку покрај името на тоа лице во листата со корисници што ја прегледале поставената содржина ќе стои симбол на сонце.

Оваа опција наскоро ќе ја добијат сите корисници на оваа социјална мрежа.

Некои корисници веќе се известени за новата опција:

„Следниот пат кога ќе сакате да зачувате некоја објава, сопственикот ќе биде известен за тоа.“

извор:факултети.мк


Comments are closed.