Имаше осум години: Синот на Брена и Боба проговори за киднапирањето кога беше мал!

4 Јан , 2018 Радио Милева

Имаше осум години: Синот на Брена и Боба проговори за киднапирањето кога беше мал!

Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, беше киднапиран пред 17 години пред семејниот дом. Стефан , кој тогаш имаше само осум години, проговори за тоа грауматично искуство.

Стефан е киднапиран на 23-ти ноември 2000 година, а сега за српските медиуми откри како се чувствувал во тие страшни моменти.

-Се плашев дека тоа ќе ми биде последниот ден во животот. Не отидов на летување за да бидам опуштен. Имав само осум години, но не бев многу свесен за опасноста. Чувствував неопислив страв. Тука си, не си, не знаеш што ќе биде. Во еден момент само се помирив со ситуацијата бидејќи сфатив дека не можам ништо да променам, раскажува Стeфан.

Инаку, тогаш случајот остана доста непознат за јавноста, а се зае само дека киднаперите барале 2.5 милиони германски марки, а откако ги добиле парите од Брена и Боба го оставиле Стефан бос на Калемегдан.

,


Comments are closed.