Љубов и Секс

Грешки кои го прават мажот лош љубовник

Грешки кои го прават мажот лош љубовник

Пред да влеземе во сексуални односи, генерално се обидуваме да создадеме поблиски односи со партнерот.

Сепак, колку и да се трудиме да направиме сè според протоколот, понекогаш едноставно се случува да влеземе во сексуални односи многу побрзо отколку што сме планирале.

За жал, она што често следи е разочарувањето, најмногу поради тоа што партнерот во креветот не бил на задоволително ниво.

Може да има многу грешки, но овие четири се оние кои најчесто ги прават мажите.

Сезнајниот махер

Како маана што жените најчесто ја истакнуваат кај партнерите е фактот дека мажите не слушаат и прават работи што ним им одговараат, а истиот проблем се случува и во кревет. Според експертите, мажите во повеќето случаи имаат преголемо его, па деталите од интимната врска ги земаат здраво за готово.

Ќути и работи

Жените навистина не сакаат кога мажот молчи за време на огнените игри во кревет. Посилниот пол треба да испушта длабоки секси гласови во кревет со еднаков жар како и при навивање, бидејќи за нивните партнерки тоа е дополнителен афродизијак.

Недоволно предигра

Жените сакаат предигра, а галењето и опсипувањето со бакнежи е високо на приоритетната листа на секоја жена. За многумина од нив предиграта е исто толку важна како и водење љубов. Проблемот е што мажите често го игнорираат, па сакаат брзо и без увертира, а на жените тоа навистина не им се допаѓа.

Лоша хигиена

Жените обожаваат да гледаат испотени машки рамења, но само на филмови и оддалеку. Во кревет, жените сакаат телото на нивниот маж да мириса убаво.

Извор: Кајгана.мк