Галичката свадба на листата меѓу познатите фестивали според „Њујорк тајмс“

11 Мај , 2018 Живот и Стил

Галичката свадба на листата меѓу познатите фестивали според „Њујорк тајмс“

Покрај добро познатите музички и литературни фестивали во Европа, има голем број прослави со храна, цвеќиња и традиции како „Јасмин“ во Франција, „Тартуфи“ во Италија, средновековната церемонија во Германија, „Ла Томатина“ во Шпанија или Свадбената манифестација во Галичник, Македонија, кои се дефинитивно чудесни. Нашите патеписци ве водат на некои од нивните омилени патувања, пишува Њујорк тајмс .

Според сите стандарди, македонското село Галичник е мало, а во него живеат само двајца постојани жители. Оваа планинска населба, скриена на масивот Бистра, се наоѓа на околу девет и пол километри источно од албанската граница, пишува Ендрју Ферен во репортажата за „Њујорк тајмс“.

Тој в о текстот објаснува дека за време на годишната свадбена манифестација на селото – што се одржува викендот најблизок на 12 јули, или на православниот празник Свети Петар – населението се зголемува. Илјадници туристи и староседелци се враќаат и ги исполнуваат инаку тивките куќи припиени на стрмните падини заради тридневната веселба пропратена со обреди, поворки и ритуали кои кулминираат со брак на претходно избрана двојка која потекнува од селото.

Манифестацијата започна во 1950-тите, користејќи обичаи кои се стари со векови – вели Марко Бекриќ, внук на единствениот жител на селото. Од мај до ноември, Бекриќ организира велосипедски и планинарски тури и помага во управувањето со семејниот пансион и ресторан. „Тоа започна така што луѓето од селото, кои емигрираа или се преселија на друго место, можеа да се вратат, да стапат во брак и да ги продолжат нашите традиции. Во првите години се одржуваа и по десетина свадби“.

Оваа година свадбената манифестација треба да се одржи во петок, од 13 до 15 јули.

Кога сонцето ќе зајде во петок, музичарите почнуваат да свират на традиционални инструменти, наречени, зурли и тапани , влегуваат во голем видиковец, опкружен со коњи врзани за оградата. Маси со месо на скара се натпреваруваат за простор со тие за пиво и шишињата со локалната грапа, наречена ракија. Се возвишува ѕид од примален ритам што ги инспирира учесниците да се качуваат на масите, да подвикнуваат и да се фаќаат за раце мавтајќи живо. Музиката исто така станува константен саундтрак на манифестацијата.

Целата програма со однапред планирани ритуали продолжува и во наредните два дена – секоја придружена со процесии на мажи и жени, и девојки и момчиња во традиционални носии. Мажите носат дебели волнени панталони и туники. Жените носат фустани тешки 30 килограми, некои стари и до 300 години, кои се пренесуваат од генерација на генерација, пишува весникот.

Симболичните церемонии вклучуваат носење на знаме и пукање со пушка, бричење на младоженецот на главниот плоштад, пешачење до гробиштата за да се поканат мртвите на свадбата и испраќање на невестата на коњ, со мираз, до куќата на идниот сопруг пред да се оди во црквата Свети Петар и Павле.

 Кога овие зурли и тапани почнуваат да свират, сè уште се ежам – рече Тања Лепческа, чиј брат минатата година се ожени. Бидејќи семејството на нејзиниот татко е од Галичник, таа е можен кандидат за овогодишната свадба. „Оваа церемонија е нешто што е само наше. Не може да ни се  одземе“.

,


Comments are closed.