(ФОТО) Рај за очи: Најсексапилната девојка во комбинација со најтропските локации!

30 Јан , 2018 Љубов и Секс

(ФОТО) Рај за очи: Најсексапилната девојка во комбинација со најтропските локации!

И повеќе од познато е дека магазинот Спортс Илустрејтед ги ангажира најубавите и најсексапилните девојки на светот, а ги снима и можеби најпровокативните фотосесии за костими за капење.

Една од нив е и познатата Нина Агдал, која направи една година пауза поради еден инцидент со магазин со кој таа требало да соработува. После една година, таа ја раскажа приказната во објава на нејзиниот профил на Инстаграм.

25 годишната Нина се огласи за случката која беше причината за нејзиното “исчезнување” од една година. Имено, младата манекенка требало да снима фотосесија со еден магазин и познат тим на фотографи, за кои како таа што вели, била многу возбудена дека ќе соработува со нив. Но, “професионалниот” тим ја откачиле Нина само со еден емаил.

Односно, во пораката пишувало дека тие се предомислиле и нема да ја работата приказната на Нина Агдал за на насловна страна, бидејќи нејзиното тело не изгледало воопшто исто како на фотографиите во нејзиното портфолио и не се совпаѓа со нивната идеална големина.

После овој “удар” Нина се повлече од моделството на една година, но се враќа посилна и посексапилна од некогаш. Ѕвездата на Спортс Илустрејтед има снимено многубројни модни едиторијали, а ние во прилог ве оставаме да уживате во неколку од нејзините најдобри изданија.

Ова е Нина Агдал во комбинација со најтропските локации!

извор:точка.мк


Comments are closed.