(ФОТО) Невеста како принцеза: Годинешните галички младенци Тања и Златко направија и класична свадба!
![(ФОТО) Невеста како принцеза: Годинешните галички младенци Тања и Златко направија и класична свадба!](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/20106346_10209962957532340_8770686593830036389_n-1.jpg)
Во духот на вековната традиција годинава на невестата Тања Лепческа и зетот Златко Димовски, им е исполнета желбата својата љубов да ја крунисаат во Црквата Свети Петар и Павле со галичка свадба на ден 15 јули 2018 година.
Како по некое непишано правило и годинешните младенци пред традиционалната галичка свадба, се решија и за класична свадба каде ќе ја прослават и официјализираат својата љубов пред семејствата, родините, пријателите…
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/36040983_860644097453044_1711728261991497728_n.jpg)
Па така, галичките младенци во еден скопски ресторан изминатиот викенд и официјално станаа сопружници.
Невестата на себе имаше традиционална венчаница во која изгледаше како принцеза, додека зетот го испочитува стандардниот изглед во клсичен костум.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/35971448_1583326591795918_5821497143713595392_n.jpg)
Инку, за галичката свадба на 15-ти јули, Тања и Златко не се случајно избрани.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/705337_4112637496068_117655406_o-1.jpg)
Тања Лепческа е по потекло галичанка и од мала е активна во секоја Галичка свадба како учесник, а подоцна и нејзиното момче, а сега веќе и сопруг.
фото:фесјбук
галичка свадба, златко димовски, невеста, тања лепческа