(ФОТО) Нејзните голи нозе ум земаат: Каролина е врвна кога пее ама и кога позира како модел!

29 Мар , 2018 Радио Милева

(ФОТО) Нејзните голи нозе ум земаат: Каролина е врвна кога пее ама и кога позира како модел!

фото: Сашо Богоевски

Во рамките на концертната промоција на албумот „Извор“, Каролина Гочева изминатите два дена пееше пред своите сограѓани, битолчани во Домот на културата во Битола.

Македонското девојче со своето славеј грло ги размрда емоциите на сите присутни со неповторливата и оригинална музика од новиот албум, компонирана од Никола Мицевски.

По седумте концерти во Скопје, а потоа и во Охрид, Каролина ја продолжи промотивната турнеја и во својот роден град.

фото: Сашо Богоевски

Освен концертите, периодов со полни гради работеше и на нова модна кампања, за која изработи неколку автентични фотографии и видеа, облечена во својот препознатлив стил, елегантен и урбан, со уникатна нота на ненаметлива индивидуалност.

фото:јована зука

Покрај фотографиите од настапите на концертите, таа објави и такви од фотосесијата каде изгледа совршено, особено нејзините долги и витни нозе кои први се истакнуваат од целината на приложеното.

, ,


Comments are closed.