(ФОТО) Најбараниот тренд за 2018 година: „Конзервативна“ венчаница

1 Мар , 2018 Живот и Стил

(ФОТО) Најбараниот тренд за 2018 година: „Конзервативна“ венчаница

Трендовите постојано се менуваат во светот на модата, а тоа се однесува и на венчаниците. Во 2018 година повторно се враќа во мода еден конзервативен стил на венчаници, што многу идни невести изјавија дека им се допаѓа.

 

Оваа година најбарани ќе бидат венчаниците со висока јака. Секси венчаниците со отворени грбови и невестинските фустани во форма на сирена и понатаму ќе бидат првиот избор за голем број невести, но многу од нив ја бараат и оваа поконзервативна опција на невестински фустан.

Најбараниот тренд за 2018 година: „Конзервативна“ венчаница

Идните невести дефинитивно не можат да погрешат со овој избор, бидејќи затворениот крој кај невестинските фустани е сѐ освен старомоден и здодевен. Венчаниците со висока јака може да бидат со или без ракави, со потполно покриен или храбро разголен грб, како и во многу други варијанти.

Најбараниот тренд за 2018 година: „Конзервативна“ венчаница

Освен тоа, се забележува враќањето на уште еден моден тренд, а тоа е болерото. На невестите посебно им се допаѓа болерото од проѕирен материјал и од чипка.

Најбараниот тренд за 2018 година: „Конзервативна“ венчаница

Што мислите вие за овие трендови? Би одбрале вакви венчаници?

извор:кафепауза.мк

,


Comments are closed.