(ФОТО) Македонското девојче се врати во Скопје: Каролина од зад сцената во ново руво за претстојниот концерт!

30 Јан , 2018 Радио Милева

(ФОТО) Македонското девојче се врати во Скопје: Каролина од зад сцената во ново руво за претстојниот концерт!

Додека беше на меден месец, матичната куќа на поп-пејачката Каролина Гочева, „Авалон“ продукција на големо го најави нејзиниот претстојниот концерт за новиот албум кој ќе се случи кон средината на месец февруари.

Каролина се врати во Скопје и веднаш се фати за работа со снимање на нова наменска фотосесија, чија реализација од зад сцената ја објави на социјалните мрежи.

Облечена во елегантен цветен костум, пејачката ја откри и соработката со две млади и креативни девојки задолжени за фотографиите, со кои опиша дека и е задоволство да соработува.

Како и за претходните концерти, така и за овој Каролина подготвува многу да покаже како музички, така и визуелно.

Инаку, концертите закажани во МОБ за месец февруари од 23-ти до 26-ти.

фото:instagram/karolina goceva

,


Comments are closed.