(ФОТО) ,,Академија Леонтиќ’’ одржа ревија за фризура и шминка
![(ФОТО) ,,Академија Леонтиќ’’ одржа ревија за фризура и шминка](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/IMG-c8fae9617f77e92837832517d65d0539-V.jpg)
Приватниот центар за стручна обука ,,АкадемијаЛеонтиќ’’ од Скопје, ги реализира активностите за теренска пракса кои се дел од наставната програма при изработка на фризура и шминка.
Модната ревија, се одржа на 20.06.2018 година во Скопје на Технолошкиот и Металуршкиот факултет. На оваа теренска пракса, која беше и дел од Евалуацијата и Дисеминацијата на проектот преку ЕРАСМУС+, со проектот,”Преку пракса до перфекција”,кандидатите кои беа на мобилност во Рига, Латвија и Вилниус, Литванијасо своите придружни лица се преставија со фризура и шминка на завршната модна ревија на студентите преку Технолошкиот факултет, раководено од професорката, модниот дизајнер Лидија Горгиева.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/IMG-938ec64aac34c80efa2020540f90b81e-V.jpg)
На оваа модна ревија, кандидатите го пренесоа своето стекнато искуство на мобилноста преку проектот ЕРАСМУС+.
Преку теренската пракса, кандидатите имаа можност да се престават и стекнат уште едно големо искуство како да се биде учесник и на теренска и тимска пракса.
академија леонтиќ, пракса, ревија