Радио Милева
Ајде да зборуваме за животот

Елена Ристеска откри со кого е во љубов (ФОТО)

Елена Ристеска откри со кого е во љубов (ФОТО)

Македонската поп пејачка Елена Ристеска во последно време се повеќе е надвор отколку дома. Белград, Варшава, Лос Анџелес, Холивуд… и најчесто по работа. Како резултат на тоа се и последните проекти.

По дуетот со српската пејачка Данијела Кариќ со песната „Срца се погреше“, Елена Ристеска беше актуелна и со новата песна „Superstar“, уште еден  дует, овој пат  со рускиот рапер Кирил.

И во сета таа динамика од работни обврски и патешествија, Елена наоѓа по малку време и за себе. Објави фотографија, па напиша дека оди во ноќен провод. Патем и самата призна, дека тоа ја прави особено среќна. Ама не напиша ниту каде оди, ниту со кого?

Пред некое време на нејзиниот Инстаграм профил таа одговарајќи на прашања на фановите, на прашањето дали по разводот има момче, Елена лаконски одговори со прашање: „Да не имаш некој на ум“? Иако оддамна е јасно дека многумина ја имаат неа… на ум!

Ја имавме и ние, па се потрудивме да откриеме со кого тоа Елена Ристеска е во љубов? И по сето она што го регистриравме од нејзините работно-приватни активности, еве го одговорот, кој и самата го потврди:

Елена Ристеска  е во љубов… со уметноста! И тоа во голема! Љубов за озбилно, на долги стази!

Останати вести од Радио Милева