„Егзит“ ја полни тврдината: Стигнуваат осумкратните добитници на Греми, најголемите хитови и жестоки бендови!

17 Јан , 2018 Мегафон

„Егзит“ ја полни тврдината: Стигнуваат осумкратните добитници на Греми, најголемите хитови и жестоки бендови!

Откако ја објави новата ера на Денс арената со можеби и најголемата техно екипа досега, „Егзит“ продолжува со високото темпо на објави уште од самиот старт на годината! Новиот бран го предводи јамајканскиот реге крал и осумкратен добитник на Греми наградите Зиги Марли (Ziggy Marley), наследникот на вечната икона и на својот татко Боб Марли со чии песни всушност и настана овогодишното фестивалско мото „EXIT Freedom“ (Егзит слобода)! Покрај него пристигнуваат и најголемите хитови во овој момент, кои ги носат актуелните ѕвезди како што се во моментов најбараната рок кантавторка Aлис Мертон (Аlice Merton), хитмејкерот во стреловит подем Џекс Џонс (Jax Jones), популарното рок-хаус дуо „Офенбах“ (Ofenbach), ориенталниот хаус маг Махмут Орхан (Mahmut Orhan) и сопственикот на најзаразниот клупски хит на денешницата Бурак Јетер (Burak Yeter)! На тврдината во јуриш се упатуваат и жестоките бендови како што се американските рап-хардкор родоначалници „Дог ит дог“ (Dog Eat Dog), новите британски панкери без влакна на јазикот „Слејвс“ (Slaves), легендарните германски хеви-металци „Грејв дигер“ (Grave Digger), бостонските хардкор херои „Слепшот“ (Slapshot), бруталните бристолските панкери „Ајдлс“ (Idles), живата метал икона „Есфикс“ (Asphyx), најголемиот Моторхед трибјут-бенд „Бомберс“ (Bombers), како и бројни други со намера сериозно да згрмат од бините „Фјужн“ (Fusion) и „Експлозив“ (Explosive).

Прв кој ќе ја најави овогодишната исклучително богата и разновидна програма на главната бина на Петроварадинската тврдина ќе биде живиот реге-крал Зиги Марли! Иако неговиот татко е кралот Боб недопирлив на својот вечен, небесен трон, најстариот син Дејвид Неста, кому му го даде надимакот Зиги по тогаш актуелниот псевдоним на Дејвид Боуви, го зголеми семејното наследство со неверојатни 27 албуми и рекордни осум награди Греми, што на ниту еден друг реге-музичар не му успеало пред него. По повеќе од три децении на сцената, Зиги Марли е неприкосновена инкарнација на јамајканскиот реге-лав, кој покрај пренесувањето на музиката ширум светот, ја води и големата хуманитарна организација U.R.G.E. која помага на децата во Јамајка и Африка.

На главната бина доаѓа и незапирливата рок-авторка на новата генерација Алис Мертон, чија химна „No Roots“ силно одекна како еден од апсолутните хитови кој ги покори прво европските, а потоа и американската топ-листа! Канаѓанката која пораснала во Германија и Англија, за своите 24 години, се преселила дури 12 пати во 11 различни градови, за токму со автентичната приказна за номадските искуства да го освои светот и да го промени животот речиси преку ноќ. Неверојатно е дека скоро сите водечки светски фестивали оваа година ја поканија да настапи, а од нејзиниот прв албум се очекува да ги сруши сите рекорди на продажба на првенец, токму како што тоа лани го стори „Рег-ен-боун мен“, а чиј денешен статус е зацементиран во светските хедлајнери.

Хитовите во Нови Сад ги носи и хаус ѕвездата Џекс Џонс, чиј сингл „You Don’t Know Me“ е номиниран за БРИТ наградата откако веќе година дена не се симнува од радиските бранови, а неуморниот Англичанец веднаш продолжи со подеднакво заразниот хит „Instructions“ на кој гостува Деми Ловато. Феноменот продолжи и со актуелниот сингл „Breathe“, а неговата соработка со Дјук Думонт на хитот „I Got U“ на двајцата им донесе номинација за Греми!

Како е тоа својата песна да ја слушаш на секој чекор, одлично знае и францускиот диџеј-дует „Офенбах“, без чиј хит „Be Mine“ не беше можно да се замисли ова лето! Идејата да го спојат рокабили звукот со хаус-музиката внесе вистинска свежина во летните месеци, а нивниот актуелен хит-сингл „Katchi“ ги загрева зимскиве денови како во моментов една од најбараните светски песни на Шазам! А директно од морските фестивали „Си стар“ и „Си денс“ на главната бина на „Егзит“ стигнува и Махмут Орхан, творецот на мегахитовите „Feel“ и „Save Me“, но и на официјалниот ремикс на темата од серијата „Игра на тронови“, кој беше неизбежен летен хит на плажите во времето додека целиот свет на екраните ја следеше седмата сезона. Нему ќе му се придружи и подендакво бараниот хитмејкер од Амстердам, кој исто така има турско потекло, Бурак Хетер, чиј сингл „Yesterday“ речиси со хипнотичко дејство изби меѓу најслушаните песни во годината зад нас.

Фјужн“, една од омилените бини на фестивалот „Егзит“, ќе израдува со продорниот панк звук на исклучително актуелните гитарски бендови! Младите музичари „Слејвс“, на „Егзит“ ги носат енергетски преполните панк торпеда „The Hunter“, „Cheer Up London“, а овие денови го издадоа и третиот албум „Beautiful Death“. Бристолската панк сензација, бендот „Ајдлс“, која експлодира минатата година, ја освои публиката и критиката со првенецот „Brutalism“. Гардијан ги нарече фуриозни и возбудливи, „со гитари кои можат да го срамнат градот со земја“, додека Би-би-си ги вклучи меѓу албумите на годината. Колкав „бум“ направија, говори и фактот дека „Фу фајтерс“ неодамна ги повикаа да им бидат единствена предгрупа во лондонската арена „О2“!

Жестоко ќе биде и на бината „Екслозив“, позната по секогаш фуриозната програма, бидејќи публиката до срж ќе ја раздрма познатиот американски бенд „Дог ит дог“, кој мајсторски ги поврзува хардкор и рап звукот, германските хеви-метал пионери „Грејв дигер“, како и планетарно популарните „Бомберс“ – Моторхед трибјут-бенд чии членови се ѕвездите од светската блек метал сцена – Абат (Abbath) од поранешниот бенд „Имортал“ на бас, Tор (Тore) од „Олд фјунерал“ на гитара и Пез (Рez) на тапани! Меѓу експлозивните состави е и легендарниот бостонски бенд кој ги постави стандардите на хардкор сцената – „Слепшот“, и иконите на дет-метал сцената „Есфикс“, кои премиерно ќе настапат на овие простори!

На фестивалот „Егзит“ стигнува и едно од најсилните панк психоделик имиња, „Хелфрикс“ (The Hellfreaks), метал-индустријал составот од Словенија „Ноктиферија“ (Noctiferia), рускиот готик-дум состав „Литл дед Берта“ (Little Dead Bertha) и најзвучното домашно метал-име „Стоун“ (The Stone)! На „Експлозив“ стигнуваат и нишките дум-метал пионери „Блади ’рт“ (The Bloody Earth), белградскиот панк состав „Погонбгд“ (Pogonbgd) и еден од најактивните млади метал-бендови на српската сцена „Немезис“ (Nemesis)!

 

, ,


Comments are closed.