Џамбо Агушев – „(Let’s ) go to Hollywood“ (ВИДЕО)

11 Апр , 2018 Промотер

Џамбо Агушев – „(Let’s ) go to Hollywood“  (ВИДЕО)

Светски познатиот принц на трубата, Џамбо Агушев со својот оркестар деновиве го претстави новиот сингл „Let’s Go (to Hollywood)“, чие видео е снимено токму во филмската престолнина во САД. Сето тоа се реализираше додека музичарите беа на 16-дневна турнеја во Америка, во чии рамки настапија во Сан Франциско, Оукленд и во Лос Анџелес.

„Бидејќи имавме добра песна, а знаеме дека на секој музичар му е во сонот да снима во Холивуд, направивме видео токму на улицата на славните“, вели Џамбо за „Струмица-нет“. Екранизацијата за „Let’s Go (to Hollywood)“ ја потпишува иранскиот режисер Мејзам Јан, а монтажата е на Дејан Ѓоргиев од продукцијата „Арт“ од Скопје.

Каква атмосфера направија „Џамбо Агушеви оркестар“ низ улиците во Холивуд дознајте во продолжение.

 

, , ,


Comments are closed.