Докажано: Менструалниот циклус открива колку долго може да живеете

28 Фев , 2018 Живот и Стил

Докажано: Менструалниот циклус открива колку долго може да живеете

Обемното истражување кое било спроведено на Универзитетот во Сан Диего а чии резултати биле објавени во списанието „Менопауза“, опфаќа проучување на податоци за 16.000 жени во менопауза.

Меѓу испитаниците кои првата менструација ја добиле на 12 или повеќе години а во менопауза влегле со 50 или повеќе години, имало најмногу што доживеале 90 години.

-Откривме дека жените кои добиваат подоцна менструација, имаат помалку здравствени проблеми, како што се коронарни болести на срцето, и жените кои влегуваат во менопауза подоцна, често имаат одлично здравје, што може да биде објаснување за нашето откритие- изјавил авторот на студијата Аладин Шадиаб.

Меѓу жените кои подоцна добиле менструација и влегле во менопауза исто така имало помалку пушачи, како и историја на дијабетес.

Авторите на студијата истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да може да се потврди зошто таа поврзаност постои, но и со досегашните истражувања е јасно дека здравите навики и здравата менструација значат долг и здрав живот.

извор:галама

,


Comments are closed.