Дневен хороскоп: Четврток (21.12.2017)

21 Дек , 2017 Живот и Стил

Дневен хороскоп: Четврток (21.12.2017)

Овен 

Се обидувате да ги постигнете обврските на сите страни и храбро донесувате одлуки без голема сентименталност дури ни кон самите себе. Ако се занимавате со работа во која имате голема конкуренција, веројатно сте подготвени напорно да работите за да ги постигнете целите. Многумина ве поддржуваат во постапките, продолжете така.

Бик

Би требало да имате доверба во лицето кое ве повикува на заедничка соработка. Имате неколку резервни планови во врска со таа соработка, но најмногу е потребно да не планирате туку да оставите работите да се реализираат една по друга. Некоја блиска личност ќе ве изненади со однесувањето.

Близнаци

Некој планира да ве повика на важен состанок. Но, вие денес нема да можете да и се посветите на работа, поради проблемите кои ќе се појават во љубовта. За пријателите и соработниците ќе бидете одлично друштво. Не ги нагласувајте дополнително грешките на партнерот, можен е прекин на врската.

Рак

Верувате дека ќе успеете да убедите некое блиско лице во планот и намерите кои ви се многу важни. Некој ќе ве осуди поради вашиот потег, бидејќи ќе го сфати како себичен. Можеби треба да ги преиспитате постапките. Некој Овен или Јарец ќе се појават како посредници во вашите планови за кариерата.

Лав

Ќе водите интересни разговори, најверојатно со лицата кои се присутни во јавноста и од кои очекувате поддршка во врска со работата. Тие ќе ви дадат интересни предлози, можен е некаков нов облик на соработка кој би можел да биде од голема корист. Љубовниот живот ви е бајка, направете некој посериозен чекор.

Девица

Месечината на вас делува поттикнувачки во поглед на барањето на нови соработници или продолжение на соработката со досегашните или некои нови проекти. Не сте трпеливи кон оние кои самостојно работат и не се придржуваат до договорите. Некој ќе ве увери дека не сте во право.

Вага

Со мала тактичност успеавте во остварувањето на вашата цел особено кога станува збор за еден Овен или некој Рак. Ако ја промените тактиката кон Рибите или Јарецот може уште полесно да ги остварите целите. Некој се обидува да воспостави контакт со вас. Би требало да бидете поавторитативни кон една Водолија.

Скорпија

Ќе ви се пружи можност да се сретнете со некои роднини или пријатели со кои секогаш сте биле многу блиски, а долго време не сте ги виделе. Би требало малку поинвентивно да изработите план кога станува збор за состојбата на финансиски средства и нивната распределба. Можна е кавга со некое многу блиско лице.

Стрелец

Денот ќе ви биде полн со некои неочекувани изненадувања и возбудувања. Ќе ги отфрлите финансиските проблеми и ќе и се препуштите на среќата. Можно е некој Лав да ве подржи во нешто, а вие тоа да не го очекувате. Бидете подготвени за отворен разговор со Водолија или Лав.

Јарец

И покрај тоа што со сигурност знаете што сакате и како ќе постапите, сепак некој Бик ви ги мати плановите и ви создава сомнежи. Можеби треба да го послушате, тој е секогаш претпазлив. Вашето однесување ќе ја одалечи околината од вас. Ќе бидете сурови во постапките и некого ќе повредите.

Водолија

Покажувате добра волја со ваша помош и асистенција да се реши некој проблем поради кој подолго време трпите притисок. Вашите напори ќе бидат големи а успесите мали, но не се разочарувајте. Денот не е поволен за искрени и интимни разговори со никого. Обидете се да се прилагодите на некоја нова ситуација.

Риби

Денот ќе ви помине во знакот на забавата и добро расположение поради празниците. Искористете го добро овој ден, бидејќи како што старите велат: каков ќе ти биде првиот ден од годината, таква ќе ти биде цела година!

извор:среќа.мк


Comments are closed.