Десет тајни на долг и здрав живот

30 Мар , 2018 Живот и Стил

Десет тајни на долг и здрав живот

Современиот начин на живот, стресот и нередовната и неправилна исхрана сè повеќе се поврзува со појава на состојби и болести кои го скратуваат животниот век и го нарушуваат квалитетот на живот. Генерациите од изминатите векови, иако без развиена технологија и наука, практикувале навики кои им обезбедувале долги години на живот без болест. Прочитајте ги десетте тајни за долг и квалитетен живот.

Забавете го процесот на стареење на ДНК

Со текот на годините заштитните краеви на хромозомите(теломери) природно се скратуваат, а нездравиот стил на живот (пушење, алкохол, нередовна и неправилна исхрана) го забрзуваат овој процес. Сега имате уште една причина повеќе за да започнете здрав живот кој ќе ги заштити вашите клетки од стареење и појава на абнормалности. Промените во животниот стил може да го поттикне ензимот кој ги продолжува теломерите и со тоа овозможува подолг век на клетките во нашето тело.

Бидете совесни и одговорни

Студија која е спроведувана низа децении покажува дека луѓето кои се одговорни за своето здравје, совесни и одговорни за своите постапки и секогаш размислуваат и се трудат да го извлечат најдоброто од себе живеат подолго. Тие секогаш прават добар избор на одлуки кои водат до подобри односи со луѓето и напредок во кариерата.

Одржувајте ги пријателствата и мудро одбирајте ги пријателите

Голем број студии покажуваат силна поврзаност помеѓу социјалната активност и долгиот живот. Уште една причина зошто денес треба да се видите со вашиот пријател и да се трудите да одржувате добри односи со вашите пријатели, колеги и соработници.

Откажете ги цигарите што порано

50-годишна студија во Велика Британија вели дека колку порано ги откажете цигарите толку е поголем позитивниот ефект врз вашето здравје и долгиот живот. Студијата вели дека доколку ги откажете цигарите на 30 години додавате цела декада на вашиот живот. Откажување од оваа навика на 40, 50 и 60 години ви додава 9, 6 и 3 години соодветно.

Практикувајте медитеранска исхрана

Медитеранската исхрана изобилува со овошје, зеленчук, цели зрна, маслиново масло и риба, се она што му е потребно на вашето тело за виталност и здравје. Ваквата исхрана го исклучува ризикот од појава на метаболен синдром- дебелина, висок крвен притисок и дијабетес и други фактори кои влијаат за развој на срцеви заболувања.

Јадете како Јапонците

Луѓето во Окинава, Јапонија, изминатите векови живееле подолго од било која нација на Земјата. Причината е во традиционалната исхрана богата со зеленчук и мал внес на калории. Голем дел од нив, имале навика да изедат само 80% од оброкот. За разлика од нив, младата генерација на Окинава, воведе промени во ваквиот начин на исхрана, а кај нив се забележува пократок животен век за разлика од нивните предци.

Најдете го животниот партнер

Истражувачите на оваа тема велат дека луѓето кои имаат животен сопатник живеат подолго од луѓето кои се сингл. Тоа се должи пред се на економската и социјална сигурност која ја овозможува живеењето во заедница, посебно во земјите во развој.

Простувајте

Хроничниот гнев се поврзува со појава на анксиозност, срцеви заболувања, инфаркт, нарушено белодробно здравје и други проблеми. Научете како да се ослободите од сета таа негативна енергија само со еден добар гест, а тоа е простувањето.

Носете заштита

Не заборавајте ја заштитната опрема додека возите велосипед, мотор, ролери, за време на скијање и друг спорт кој носи ризик од повреда. Ставете заштитен појас додека сте во автомобил. На тој начин ќе ги превенирате траумите на вашето тело кои може да бидат сериозна закана за вашето здравје. Заштитната опрема важи и за луѓето кои работат со хемиски и други отровни материјали, медицинските работници и сите работници кои во текот на денот се во контакт со потенцијална опасност по здравјето. Кога зборуваме за заштита, не смееме да ги заборавиме и кондомите кои треба да се практикуваат за време на сексуални односи за заштита од сексуално преносливи болести.

Обезбедете си добар сон

Квалитетниот сон во текот на ноќта го намалува ризикот од појава на дебелина, дијабетес, срцеви заболувања и промени во расположението. Одморениот организам подобро и побрзо може да заздрави. Редовното спиење е поврзано со здрав и подолг живот.

, ,


Comments are closed.