Љубов и Секс

Дали димензијата на клиторисот е важна за постигнување на оргазам?

Дали димензијата на клиторисот е важна за постигнување на оргазам?

Сексолозите утврдиле дека големината е многу важна кога станува збор за женскиот оргазам, но – големината на клиторисот.

Истражувањето покажало дека жените кои имаат проблем со постигнување на оргазам, имаат и мал клиторис, и дека е сместен подалеку од вагината. Во истражувањето е користена магнетна резонанса која ја скенирала карличната област на 30 жени, чија просечна возраст била 32 години.

10 од учесничките изјавиле дека ретко или скоро никогаш не доживуваат оргазам, додека останатите имале норамлни искуства. Овие откритија би можеле да им помогнат на жените кои страдаат од аноргазмија – неможност за постигнување на оргазам.

“Иако овие физички карактеристики не можат да се сменат, разбирањето на психологијата на женскиот сексуален склоп го унапредува нашето знаење”, напишале сексолозите во извештајот.

Клиторисот кој има облик на бумеранг, се простира под кожата и вклучува делови познати како телa, ерективно ткиво, главичка и корен. Можно е малата оддалеченост помеѓу овие струкури и вагината да ја олеснува стимулацијата за време на сексуалниот однос.

извор:боза.мк