Љубов и Секс

Често тоа го правите и несвесно: Ова се грешките кои жените ги прават за време на односите

Често тоа го правите и несвесно: Ова се грешките кои жените ги прават за време на односите

Овие грешки во спалната соба ги прават дури и најсамоуверените жени.

Чекате да бидете расположени за секс

Ако го чекате тоа, веројатно нема често да имате секс. Тоа е така бидејќи повеќето жени не чувствуваат страст додека нешто не ги поттикне на тоа – бакнежи, допири…

„Дури и ако чувствувате дека не сте доволно подготвени за самиот чин, не сте доволно возбудени, тоа не значи дека не треба ништо да правите. Во вакви случаи може да ви помогнат лубриканти за време на предиграта“, раскажал психијатарот Маделин Кастелано.

Потребите на партнерот ги ставате пред вашите

Пренасочувањето на целата ваша енергија во задоволување на партнерот нема да ве направи подобра љубовничка, туку помалку среќна. Тоа може да биде лошо за двајцата.

За проблемот на партнерот секогаш себе се обвинувате

И мажите некогаш едноставно не можат, не сакаат, не се расположени, во депресија се или не можат да постигнат ерекција. Исцрпеноста, стресот и депресијата можат значително да влијаат на машкото либидо, еднакво како и на женската желба. Мажите исто така имаат период на ‘опоравување’ после оргазмот, кое со годините се продолжува.

Оптоварени сте со изгледот на вашето тело

Факт е дека повеќето мажи воопшто не ги интересира каква долна облека ќе носите, дали имате сало околу струкот… Тие сакаат секс со својата партнерка и тоа е тоа, опуштете се и уживајте. Вашето мислење за вашето тело ви штети само вам.