Болка која не се заборава: Луна проговори за најголемата болка на Анабела!

28 Мар , 2018 Радио Милева

Болка која не се заборава: Луна проговори за најголемата болка на Анабела!

Блогерката Луна Џогани, која веќе повеќе од 6 месеци е во реалното шоу “Задруга”, пред камерите изнесе многу детали од приватниот живот на своите родители, на што нејзиниот татко Гаги отворено и забележа во медиумите.

Многу ситуации од реалното шоу Луна ја асоцираат на случки од приватниот живот, а последната задача таму каде што натпреварувачите беа во улога на војници во касарна, кај Луна предизвика лавина од емоции.

Имено, во јавноста  е познато дека Анабела многу млада ја има изгубено својата прва, најголема љубов – Никола, кој загинал на почетокот на 90-тите во војната во БиХ.

Луна поради ова прозборе пред камерите за трагедијата на својата мајка, па во разговорот со своите цимери спомна дека Никола на нејзината мајка додека бил во војска и пишувал писма.

После тешкиот период низ кој минала, Анабела го запознала Гаги, стапиле во брак и со него ги добила Луна и Нина, а во брак беа до 2012-та година.

 

,


Comments are closed.