Бегство од реалноста: Бајковит ранч на Џони Деп во Кентаки! (ФОТО)

27 Окт , 2017 Живот и Стил

Бегство од реалноста: Бајковит ранч на Џони Деп во Кентаки! (ФОТО)

Холивудскиот актер кој овие денови очајнички го распродава секој дел од имотот, неодамна сепак не успеа тоа да го направи со преубавиот имот, иако му се потребни пари за да избегне банкрот, дел од него сака да задржи бидеји го врзуваат многу спомени.

Кога ќе погледнете во прекрасната фарма со коњи во американската држава Кентаки, која веќе со години се наоѓа во сопственост на холивудскиот актер Џони Деп (54), мора да се запрашате колкави се финансиските проблеми на актерот, што овој имот, сака да го продаде.

Актерот имотот сака да го продаде за 2.9 милиони долари, но најголемата понуда на аукција била 1,4 милиони долари. Поради тоа имотот сеуште останува во рацете на Деп, па барем малку е среен поради тоа, бидејќи е роден во Кентаки и често истакнува колку му значи оваа фарма.

Долгата стаза води директно до резиденцијата на овој имот која се простира на 552 метри квадратни и потекнува од 1915 година. Главниот влез е со антички манири, со високи столбови.

Внатрешноста е малку поразлична од другите резиденции кои Џони Деп ги поседува. Се состои од шест спални, седум купатила, трпезарија, дневна соба, работен простор и посебна куќичка која има стаклен кров.

Остатокот од имотот има базен, куќа за гости, гаража за четири автомобили, три големи штали и десет огради за коњи.

Фармата го носи името „Бети Сју“ по името на покојната мајка на Деп, за која и го купил имотот во 1995 година, а целата главна куќа е исполнета со семејни фотографии.

Бројни спомени го поврзуваат со овој имот, но тешката одлука да го продаде дошла откако актерот се соочил со финансиски проблеми. Но тие не случиле сами по себе. Актерот плаќал послуга од 300.000 долари месечно и некогаш броеле и 40 луѓе, како и 200.000 месечно за финансирање на приватен авион. Џони Деп поседува и приватен остров на Бахамите, како и имот на југот на Франција чија вредност се проценува на 63 милиони долари. Неговите поранешни агенти, кои Деп го обвинуваат за својата финансиска пропаст, моментално се под истрага на три федерални извршители кои ги осомничуваат за проневера и перење пари.

, ,


Comments are closed.