„2Бона“ им се – „Доволно“ (АУДИО)

16 Фев , 2018 Промотер

„2Бона“ им се – „Доволно“ (АУДИО)

Хип-хоп, рап и ар-ен-би дуото „2 бона“ кое се појави за прв пат на музичката сцена во 2015 година, деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Доволно“, кој доаѓа после минатогодишните „Премногу“ и „Би направил се’ “, во соработка со Слаткаристика.

Како автори на песната се потпишуваат самите членови на дуото, односно музиката е на Марко Јелиќ – Кун, а стиховите им се заеднички со Антонио Стојановски – Тонито,  додека за миксот и мастерингот се погрижил Тракер. Сето тоа е во продукција на „Иноватива груп“ и „С.Б. Студио“ , а како звучи можете да  слушнете во продолжение.

 

, , , ,


Comments are closed.