Македонската инфлуенсерка Миа Костова освен убавите дестинации на кои патува , не ретко споделува моменти и од нејзиниот живот, а во медиумите често се појавуваат разни вести од приватноста и нејзините лични искувства кои со леснотија ги споделува на социјалните мрежи, со цел да им помогне на следбениците да решат некој проблем во кој претходно се нашла и самата.
Таа моментално ужива на островот од соништата, кој ретко е дестинација на туристите но, според неа само еден поглед на морето е доволен за да биде јасно ако ви се укаже прилика, зошто баш на Корзика.
Миа од францускиот остров во Средоземното море со задоволство ги пренесува убавините во детали, а она што може да се забележи е дека се’ е толку вистинско и реално на оваа интересна дестинација со богата историја и нестварна убавина.
Но, сега меѓу сите убавини на островот се најде и една интима фотографија на која Миа покажа дека од сонцето добила алергија на кожата.
Алергија, од сонце, зошто, зошто да не – со натажен емотикон таа покажа дека и тоа е нормално.
На очите таа носи големи заштитни очила за сонце, но според емоцијата која ја направила се забележува дека овој проблем сепак не е добредојден. Но и тоа се случува без разлика каде и да сме и што и да правиме, невозможно е да избегнеме некои работи кога и каде да се случат.
Она најважното е да сѐ препуштиме на сегашниот момент и да уживаме, а тоа Миа најдобро умее да го прави. А за пликовите од сонцето… Ништо страшо, ќе минат, да сме живи и здрави!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова