По 10 години пауза поп-пејачот Жељко Самарџиќ со својот бенд успешно ја започна концертната турнеја од Сиднеј.
По десет часа долгиот лет, тој ја искористи приликата да прошета и да ги наполни батериите за концертот кој е одржан во Метро театарот.


Салата беше полна до последно место, а публиката со скандирање на неговто име го најави почетокот на концертот и заедно со својот миленик ги пееше неговите песни.

Инаку, најмладата ќерка на пејачот Миња Самарџиќ беше специјална гостинка и ја отвори вечерта, а нејзиниот настап исто така беше одлично прифатен од присутните.
View this post on Instagram
Hvala divnoj publici u Australiji što su podržali moju kćerku Minju @minjamcfly
фото:PROMO/instagram