Малкумина знаат дека еден од најдобрите балкански пејачи и најголемата регионална музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ своевремено го променил своето име.
За да ја прошири својата веќе успешна балканска кариера на европскиот и светскиот пазар, Чолиќ снима неколку песни на англиски и германски јазик. Со оглед на тоа колку им било тешко за странците да го изговорат името на тогашната ЈУ ѕвезда, неговиите продуценти решиле да го прекрстат, па така Чолиќ од Здравко станува Дравко.
Под ова име, Чола снимил неколку песни на неколку различни јазици, а од намерата да ја прошири својата популарност се откажал, зашто поради кариерата морал да се пресели од Југославија во Германија, што во тој момент за него било неприфатливо.
Откако ставил точка на идејата за европска слава, Чола си го вратил своето „З“ во името, кое всушност на југословенските простори и музичкиот пазар кај нас, никогаш и не го променил и отсекогаш бил Здравко!