Живот и Стил

Здрав чај за слабеење

Здрав чај за слабеење

После 12 години изработка и вложени 15 милиони фунти, големиот компјутер, дизајниран да имитира човечки мозок конечно е подготвен да биде вклучен.

Направен во Манчестер, компјутерот “SpiNNaker” (Spiking Neural Network Architecture)е составен од милиони процесори кои можат да изведуваат 200 билиони акции во секунда, што значи дека може да моделира повеќе биолошки неврони во реално време од било која друга машина направена до сега. не комуницира со испраќање на големи количества информации од точка А до точка Б преку стандардната мрежа.

Наместо тоа, практикува паралелна комуникациска структура на мозокот со истовремено испраќање мали количества информации на различни дестинации.

>“Во суштина направивме машина која повеќе работи како мозок, а не како традиционален компјутер, што е исклучително возбудливо. Крајната цел на проектот е милион јадра во еден компјутер за примена на апликации за ублажување на мозокот во реално време. Сега тоа го постигнавне”, вели Стив Фабер, професор по компјутерско инженерство на Универзитетот во Манчестер.

“SpiNNaker” е првиот чекор кон создавање на милијарди биолошки неврони во реално време, но исто така ќе даде и неверојатен увид во тоа како функционира човечкиот мозок.

Тоа е можно со симулација на различни делови од мозокот, како што е базалната ганглија – областа која е често погодена од Паркинсоновата болест.

Според зборовите на Фабер, “SpiNNaker” може да им помогне на научниците да откријат некои тајни за тоа како функционира човечкиот мозок со тоа што ќе поттикне голем број симулации.

Поврзани теми

To top