Радио Милева визуелно и вокално слични

За овој пејач се шпекулираше дека е син на Здравко Чолиќ, а сега тој откри: „За сите овие години ќе барам алиментација“ (фото)

За овој пејач се шпекулираше дека е син на Здравко Чолиќ, а сега тој откри: „За сите овие години ќе барам алиментација“ (фото)

Амир Казиќ Лео ја откри врската со Здравко Чолиќ за кој се шпекулираше дека му е татко.

Пејачот Казиќ важеше за голем заводник на сцената во деведесеттите и дваесеттите години. Амир уште во  ’89 година сите го споредуваа со големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ, а своевремено се шушкаше дека е негов татко.

Казиќ веднаш демантираше, но не криеше дека е импресиониран од дружењето со Чолиќ, бидејќи тој и денес е една од најголемите музички ѕвезди.

– Реков дека Чола скапо ќе плати за тоа, и дека ќе барам алиментација за сите овие години. Да сум јас на негово место, би снимил дует, за да покажам дали навистина сме толку слични и визуелно и вокално или не сме. Чола е само 14 години постар од мене и не може да ми биде татко – изјави пред многу години за хрватските медиуми.

– Не разбирам зошто Чола молчи, а сите зборуваат за тоа. Јас да сум на негово место, би го гушнал, би се сликал со него и луѓето ќе замолчат – рекол Амир Кажиќ Лео.

Лео обожава да се дружи до пријателите од естрадата , беше поврзан со многу од нив, а никогаш не криеше дека се чувствува убаво и удобно во женско друштво. Дамите паднаа на неговиот шарм, а тој знаеше да го искористи својот глас за да ги придобие.

Иако во своите песни најмногу пее за невозвратена љубов, Амир во 2019 година ја прослави 30-годишнината од бракот со сопругата Биба, која избегнува да се појавува во медиумите. За својата сопруга вели дека е гениј и дека е негов најголем критичар.

Фото:Принтскрин/В.Лалиќ

To top