Секоја година пред летната сезона, дел од нашите познати личности порано ја почнуваат топлата сезона.
Од водители стануваат инфлуенсери кои на своите следбеници преку социјалните мрежи им сугерираат летна дестинација. Пред ова лето 2023-то за сефте на плажа и море во Анталија – Труција заминаа неколку познати ТВ ликови меѓу кои беше и водителката Елена Стојановска.
Ова незаборавно патување, за неа беше уживање во секој мемент. Запознавање со нови личности, дружење, сончање на плажа, вкусна храна и забава до утро, а со новиот ден повторно истото.
Хотелите со пет ѕвездички нудат задоволство за сите сетила, а Елена вели дека се чувствувала како принцеза.
Сепак, веруваме дека најголемото задоволство за секој е индивидуално.
Плажата е незаменлива за секого, а Елена се раскомоти и се распосла на морскиот брег, а друштвото секако беше тука за фотки за спомен.
Природна, беш шминка и било какви додатоци, за Елена не беше ништо друго потребно освен очила за сонце и да се препушти на уживање.
За Елена на плажа нема потреба од било каква камуфлажа, а по акумуираниот витамин Д и полни батерии Елена се врати на работа со уникатни впечатоци од Анталија.
фото:Инстаграм принтскрин/Елена Стојановска