Радио Милева тажна вест

Во очи на својот роденден почина Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бело дугме“

Во очи на својот роденден почина Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бело дугме“

Синоќа во Сплит почина Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бело Дугме“, пренесува „Аваз“.

За споменатиот медиум смртта ја потврди неговата блиска пријателка. Правдиќ, како што се наведува, починал во пресрет на својот 74-ти роденден на 6 декември.
Во последните месеци тој се бореше со тешката болест.

Правдиќ последните години живееше во Сплит.

„Бело дугме„ е најпознатата југословенска рок група, основана во Сараево во 1973 година. Објавија девет албуми во периодот од 1973 до 1989 година. Водач и единствен постојан член на групата беше гитаристот Горан Бреговиќ, додека Жељко Бебек, Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ се менуваа како пејачи. Басистите Зоран Реџиќ, Јадранко Станковиќ, Санин Кариќ и Љубиша Рациќ, тапанарите Горан Ивандиќ, Милиќ Вукашиновиќ и Драган Јанкелиќ и клавијатуристите Владо Правдиќ и Лаза Ристовски дојдоа и ја напуштија групата од различни причини.

фото:Facebook/ Ljubisa Racic/ You tube printscreen/ NOVA S

To top