Радио Милева естетска природа

Викторија Бекам ја отстрани тетоважата со иницијалите на нејзиниот сопруг: „Ми беше лошо од неа“ (фото)

Викторија Бекам ја отстрани тетоважата со иницијалите на нејзиниот сопруг: „Ми беше лошо од неа“ (фото)

Викторија Бекам ги поттикна гласините за развод кога обожавателите забележаа дека таа ја отстранила тетоважа со иницијалите на нејзиниот сопруг.

Во неодамнешното интервју за емисијата „Today“ таа објасни како пред неколку години го започнала процесот на отстранување на тетоважата, а причината е од естетска природа.

Со тоа таа стави крај на гласините за разводот:  „Ги имам направено тие тетоважи многу одамна и не се особено деликатни“, рече таа, додавајќи дека нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и синовите се прекриени со прекрасни тетоважи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

„Моите беа  малку дебели и малку крварea и не беа толку убави. Едноставно не изгледаа убаво. Тоа не значи ништо повеќе од тоа“, продолжи таа.

„Медиумите почнаа да шпекулираат дека го оставив сопругот. Не. Едноставно ми се лоши од тетоважата. Толку е“, додаде таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/В.Бекам

To top